Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Денови на финансиска писменост

Денес 11.05.2018 година во Скопје, City mall со почеток од 12:00 часот започна тридневен мултимедијален настан за финансиска писменост (11-13.05.2018 година). На отворањето на настанот – “Денови за финансиска писменост”, свое обраќање имаа: министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерот на Народната банка Димитар Богов, претседателот на Советот на експерти на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување д-р Булент Дервиши и претседателот на Советот на експерти од Агенција за супервизија на осигурување Климе Попоски.

На овој настан ќе присуствуваат претставници од финансиските институции како што се банките, штедилниците, друштвата за осигурување, друштвата за управување со инвестициски фондови, друштвата за управување со пензиски фондови и микрофинансиските институции. Овде, посетителите ќе можат да се информираат за сите финансиски параметри поврзани со теми кои ги засегаат, а планирани се и презентации, како и забава за најмладите кои ќе бидат вклучени во проекти, со цел уште од најрана возраст да се влијае на нивната финансиска писменост.
Активно учество во “Денови за финансиска писменост“ има и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) преку Координациското тело на регулаторни институции за финансиска едукација во Република Македонија, во која покрај нашата Агенција, членуваат и Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Комисијата за хартии од вредност.



Skip to content