Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС во Деновите на финансиската писменост упатува:
ЈАВЕН ПОВИК
до сите заинтересирани граѓани
За присуство на интерактивни online средби на 02 и 03 Декември 2021 година за поставување на прашања, споделување на информации и предлози на идеи на “ПОВРЗИ СЕ СО МАПАС” преку видео конференциска врска на следниве теми:
– Можностите и бенефитите на капитално финансираното пензиско осигурување;
– Годишниот извештај за состојбата на индивидуалните сметки на членовите – познат како зелен плик;
– Новите дигитални алатки (online склучување на договор за членство, Mobile App за следење на пензиската заштеда) и
– Можностите на новата web страна mapas.mk.
Интерактивните online средби ќе бидат наменети за сите заинтересирани граѓани од 15 – 65 годишна возраст кои се наши сегашни, но и потенцијални идни членови на капитално финансираното пензиско осигурување. Предвидена е можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Агенцијата.
Сите заинтересирани лица треба да се приклучат на платформата за присуство преку интернет конференциска врска:
- На 02.12.2021 од 13-14 часот на линкот преку Teams
- На 03.12.2021 од 13-14 часот на линкот преку Teams
Секој заинтересиран граѓанин што нема да биде во можност да се приклучи на интернет платформата во договореното време може своето прашање да го постави на contact@mapas.mk и facebook.com/MAPAS.MK/ и ќе добие одговор на истото од страна на Агенцијата.
Искористете ја можноста и директно поврзете се со вработените во МАПАС и информирајте се за задолжителното и доброволно пензиско осигурување (вториот и третиот пензиски столб)
Ве очекуваме на заедничка online средба,