На 24.11.2015 година претставник од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, заедно со претставник од пензиските друштва го посетија средното медицинско училиште ,,Д-р Панче Караѓозов” во Скопје и пред учениците од завршните години што следат настава на албански јазик беше одржана презентација за пензиско штедење, како и им беа поделени информативните брошури, што се користат во рамките на едукативната кампања за младите под мотото: ” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… “.
По презентацијата беа поставени прашања од поголем дел од учениците, што покажа дека овој пристап на презентирање, прилагоден на нивната возраст има задоволителен интерес од страна на младите.