Во рамките на едукативната кампања за младите под мотото: ” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… “, МАПАС и претставници од пензиските друштва во текот на месец февруари ги посетија СУГС Гимназијата „Орце Николов“, СУГС „8 Септември” и СУГС „ Георги Димитров” во Скопје. На учениците од завршните години им беше одржана презентација за пензиско штедење и им беа поделени наменски изработените информативни брошури, што се користат во рамките на едукативната кампања.
Со оваа едукативна кампања им се обраќаме на младите со цел да ги запознаеме со пензискиот систем во целина, со улогата на пензијата и со значењето на пензиското штедење во животот на секој човек.