Во рамките на едукативната кампања, МАПАС и претставници од пензиските друштва на 09.03.2016 година го посетија СЕТУ Михајло Пупин во Скопје. Претставниците од МАПАС и од пензиските друштва одржаа презентација за пензиското штедење на околу 100 ученици од завршните години. Од страна на учениците имаше голема посетеност и заинтересираност во врска со темата за пензиско штедење и притоа им беа поделени наменски изработените информативни брошури. По одржаната презентација учениците пополнија однапред подготвени квиз прашалници со прашања од материјата презентирана пред учениците.
Со оваа едукативна кампања им се обраќаме на младите со цел да им ги појасниме правата и обврските во пензискиот систем, со потенцирање на вториот столб и на првите одлуки кои ќе треба учениците, како потенцијални идни нововработени да ги донесат при вработувањето во делот на избор на задолжителен пензиски фонд.