Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Едукативна кампања за младите

Во рамките на едукативната кампања, МАПАС и претставници од пензиските друштва на 23.03.2016 година го посетија СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ во Скопје. Претставниците од МАПАС и од пензиските друштва одржаа презентација за пензиското штедење на околу 40 ученици од завршните години. Од страна на учениците имаше голема посетеност и заинтересираност во врска со темата за пензиско штедење и притоа им беа поделени наменски изработените информативни брошури. По одржаната презентација учениците пополнија однапред подготвени квиз прашалници со прашања од материјата презентирана пред учениците.
eduk

Со оваа едукативна кампања им се обраќаме на младите со цел да им ги појасниме правата и обврските во пензискиот систем, со потенцирање на вториот столб и на првите одлуки кои ќе треба учениците, како потенцијални идни нововработени да ги донесат при вработувањето во делот на избор на задолжителен пензиски фонд.

Skip to content