Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Обраќање на Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, ФИНЕКСПО 2014

„Информираност на членовите на приватните пензиски фондови и едукација на јавноста за реформираниот пензиски систем“

 

Обраќање  на Претседателот на Советот на експерти на МАПАС,

д-р Булент Дервиши

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување-МАПАС секогаш ги поддржува  иницијативите за средби од ваков карактер преку кои  постои можност да се дискутира за теми од значаен карактер со цел да се извлечат корисни предлози и заклучоци за пензиското осигурување како важна социјална тема на секој граѓанин.

МАПАС е постојано насочена кон промоција на пензискиот систем и финансиска едукација на јавноста. Изминативе години беа преземени повеќе активности со цел за промоција на пензискиот систем.

По спороведеното истражување на јавното мислење во периодот од ноември 2012 година до март 2013 година за реформираниот пензиски систем во Република Македонија, резултатите од истражувањето покажаа дека младите не се запознаени со реформираниот пензиски систем и дека потребно е да се превземат активности со нивна информираност за нивните права бидејќи секој млад човек е потенцијален иден член во реформираниот пензиски систем и задолжително ќе биде вклучен во прв и втор столб, веднаш по неговото вработување.

Во таа насока, МАПАС ја воведе измената на својата подзаконска регулатива во доставата на годишните известувања до членовите, кои од оваа година се доставувуваат во зелен плик со цел нивна лесна препознатливост. Исто така, беа направени одредени измени во форматот на извештаите кои се доставуваат во насока на нивна поголема прегледност, поедноставен и сликовит приказ на нивната пензиска заштеда, како и појаснување на основните термински поими кои се уште се непознати за членовите. Исто така, МАПАС со цел да се подобри доставата на зелениот плик воведе измени на подзаконските акти со тоа што им се овозможува на членовите да ги ажурираат своите лични податоци преку електронскиот систем на интернет страната на пензиското друштво.

Исто така, се воведе обврска во договорите за членство и други маркетинг материјали на пензиските друштва да се наведат информации за МАПАС како супервизор и регулатор.

МАПАС постојано е насочена кон соработка со други институции за финансиска едукација на јавноста ставајќи поголем акцент на младата популација.

Минатата година започна едукативна кампања за пензиско штедење под мотото:” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… ” која се спроведува од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, МАПАС и двете пензиски друштва, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Од почетокот на кампањата во текот на целата учебна година 2013/2014 година се посетија вкупно 61 средно училиште низ повеќе градови во нашата држава и беа одржани презентации на учениците од завршните години со појаснување на нивните права и обврски во пензискиот систем. Едукативната кампања за младите продолжува  и во оваа учебна година 2014/2015 со тоа што оваа година е ставен акцент на посета на факултетите низ Р. Македонија. Целта на едукативната кампања е финансиска едукација и развивање на свеста кај младите за значењето на пензиското штедење. Имено, со оваа едукативна кампања им се обраќаме на младите со цел да ги запознаеме со пензискиот систем во целина и улогата на пензијата и значењето на пензиското штедење во животот на секој човек.

Исто така, МАПАС е дел од Координативно тело за финансиска едукација кое се состои од регулаторни тела меѓу кои се Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Активностите што ова тело ги врши се насочени кон финансиска едукација и подигнување на свеста на јавноста. На пример, како активност што МАПАС ја спроведе оваа година како дел од ова тело е активното учество во „Глобалната недела на парите“ која се одржа во март 2014 година со посета на училишта.

МАПАС од мај оваа година стана член на глобалната организација – Алијанса за финансиска вклученост (Alliance for Financial Inclusion-AFI), која претставува организација за креирање и имплементација на политики за зголемување на пристапот до соодветни финансиски услуги. Исто така беше и остварена средба со извршниот директот на Алијансата за финансиска вклученост и Претседателот на Координациското тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација од НБРМ на која беше разговарано за идните активности на МАПАС како дел од АФИ мрежата.

МАПАС како и секоја година во присуство на новинари од медиумите одржува прес конференција на која накратко се презентира годишниот Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување, со тоа што оваа година во септември беше презентиран осмиот Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2013 година кој ни сведочи за досегашните резултати и придобивки од реформираниот пензиски систем.

Во септември оваа година започна проектот “ДЕН ЗА ВАС“ во организација на МТСП, со Фондот на ПИОМ и МАПАС и во моментов е реализиран  во следниве градови: Скопје, Штип, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица, Куманово и Велес. Преку проектот им се овозможува на граѓаните со посета на отворениот штанд надминување на сите отворени прашања од областа на пензиското и инвалидското осигурување и се овозможува да стапиме во директен контакт со граѓаните, се со цел да им овозможиме подобра и поефикасна услуга за надминување на сите отворени прашања од областа на пензиското и инвалидското осигурување.

МАПАС од октомври оваа година започна со маркетинг кампања односно со реализација на медиа планот преку поставување на билборд во централното градско подрачје на Скопје, со емитување на радио реклама на две радио станици и со емитување на видео рекламен спот на национална телевизија.  Исто така, МАПАС  активно се рекламира и на facebook страната  се со цел да се доближи до младата популација. Промоцијата е со цел запознавање на пошироката јавност за предностите на реформираниот пензиски систем и за улогата МАПАС како супервизор и регулатор на пензискиот систем, земајќи го во предвид пензиското осигурување како важна социјална тема на секој граѓанин. МАПАС со овие маркетинг активности ќе продолжи и во иднина.

МАПАС наредна година ќе спроведе  истражување за информираноста на членовите на задолжителните пензиски фондови во Македонија со цел да обезбеди информации од членовите за нивната запознаеност за вториот пензиски столб и за преземање дополнителни активности на МАПАС во насока на подобрување на нивната информираност и излегување во пресрет на интересите на членовите.

МАПАС ќе продолжи и во иднина постојано да работи кон промоција на пензискиот систем и  финансиска едукација за развивање на свеста на јавноста, ќе соработува со институциите вклучени во пензиското осигурување и релевантни институции од финансиската област во насока на остварување на својата мисија да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови.

 

Skip to content