Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, како дел од Координациското тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација веќе трета година по ред е дел од организацијата на настанот “Глобална недела на парите”, која се одржува секоја година во периодот март-април. Овој настан на меѓународно ниво под иницијатива и подршка на Child & Youth Finance International се одржува веќе шести пат и секоја година за најдобро организираниот настан по земји се доделуваат награди.
Настанот оваа година во Македонија започнува на 27.03.2017 година и се планира да заврши на 19.04.2017 година.
На 27.03.2017 година група на ученици од средното училиште „Ѓорѓи Димитров“ Скопје ги посетија просториите на МАПАС каде им беше одржана кратка презентација за значењето на пензиското штедење како еден од начините на користење на финансиите и им беше поделен промотивен материјал.