Скопје, – 14.04.2025, се одржа eднодневна едукативна пракса за студенти од Универзитетот Американ Колеџ-Скопје
Во рамки на соработката меѓу Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Универзитетот Американ Колеџ-Скопје, на ден 14.04.2025, од 10.00-14.00 часот се одржа еднодневна едукативна пракса за студенти од Факултетот за деловна и бизнис економија.
Преку оваа активност, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со организацијата и функционирањето на МАПАС, како и со нејзината надлежност во областа на капитално финансираното пензиско осигурување. Посебен акцент беше ставен на процесите на супервизија, улогата на Агенцијата во заштита на осигурениците и корисниците на пензии, како и на тековните активности и предизвици со кои се соочува МАПАС.
Со ваквите активности се овозможува унапредување на практичните знаења на студентите и поттикнување на нивниот интерес за кариера во областа на пензискиот систем и финансиите.