Со Одлука за именување на Претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, објавена во Службен весник број 118 од 27.06.2018 година, Собранието на Република Македонија го именуваше Советот на експерти на МАПАС во состав:
Максуд Али, Претседател на Совет на експерти
Ментор Јакупи, професионално ангажиран член на Совет на експерти;
Дарко Саздов, професионално ангажиран член на Совет на експерти;
Борче Божиноски, надворешен член на Совет на експерти;
Марина Макенаџиева, надворешен член на Совет на експерти.
На 28.06.2018 година извршено е примопредавање на должноста Претседател на Совет на експерти.