Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (во понатамошниот текст: Агенцијата) е основана заради вршење супервизија на работењето на друштвата за управување со задолжителни пензиски фондови, друштвата за управување со доброволни пензиски фондови, друштвата за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови и професионалните пензиски шеми. Нејзина цел е заштита на интересите на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови и поттикнување на развојот на капитално финансираното пензиско осигурување. Агенцијата е регулаторно тело во капитално финансираното пензиско осигурување и во рамките на оваа функција донесува подзаконски и други акти заради имплементација на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, кои се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија” и / или на веб страната на Агенцијата.
Директор на Агенцијата е м-р Булент Дервиши – тел. 02-3224-229, 3217-573, 3166-452
Заменик директор на Агенцијата е Ментор Јакупи.
Адреса: ул. Васил Главинов бб, Интекс Бизнис Центар 2, 1000 Скопје, Република Македонија.
Тел/факс: 02-3224-229; 3217-573; 3166-452
Интернет страница: www.mapas.gov.mk
e–mail: contact@mapas.gov.mk
Службено лице кое ќе посредува при остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер на Агенцијата Дионис Стратров, тел. 02-3224-229; 02-3217-573; 02-3166-452, e–mail: dionis.stratrov@mapas.gov.mk
Начинот на поднесување на барање за пристап до информации до Агенцијата односно постапката за остварување на правото на слободен пристап до информации се спроведува врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Агенцијата ги врши следните работи:
- спроведува активности за прибирање барања за основање пензиски друштва , издава, повлекува и одзема дозволи за основање на пензиски друштва, издава дозволи за вршење дејност-управување со доброволни пензиски фондови, дозволи за вршење дејност-управување со задолжителни пензиски фондови и издава, одобренија за управување со задолжителни и/или доброволни пензиски фондови;
- врши супервизија на работењето на пензиските друштва и пензиските фондови со кои тие управуваат, а особено го контролира законитото работење на истите;
- врши супервизија на работењето на правните лица кои се чувари на средствата на задолжителните и/или доброволните пензиски фондови и на странските менаџери на средства на задолжителниот и/или доброволниот пензиски фонд во врска со работењето со тие средства;
- го промовира, го организира и го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување во Република Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика;
- ја развива свеста на јавноста за целите и принципите на пензиските друштва и на задолжителните и доброволните пензиски фондови, за придобивките од членување во задолжителен и/или доброволен пензиски фонд, вклучувајќи ги и целите, принципите и придобивките од учество во професионална пензиска шема, за правата на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови и за други прашања во врска со капитално финансираното пензиско осигурување;
- дава предлог за покренување на прекршочни и кривични постапки пред надлежен орган против пензиските друштва, чувари на имот на задолжителни и/ или доброволни пензиски фондови, странски менаџери на средства и други лица во случај на повреда на одредбите на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и на други закони;
- ги следи и ги разгледува финансиските извештаи на задолжителните и доброволните пензиски фондови и на пензиските друштва;
- води регистар на агенти, регистар на членови на задолжителни пензиски фондови и регистар на задолжителни и доброволни пензиски фондови;
- заради обезбедување на ефикасна супервизија и регулатива на капитално финансираното пензиско осигурување и на финансискиот сектор, соработува со Министерството за финансии, Народната банка на Република Македонија, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и со други органи и институции во земјата и во странство. Обемот, содржината и формата на соработка подетално меѓусебно ги уредува Агенцијата со надлежните органи и институции;
- соработува со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во делот на овластувањата што му се доверени на тој фонд со овој закон;
- ги обработува личните податоци согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци;
- бара и дава лични податоци на користење согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци;
- донесува акти согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;
- донесува интерни упатства за својата работа и изготвува стручни упатства, прирачници и слично, во врска со капитално финансираното пензиско осигурување;
- иницира донесување на прописи и други акти во врска со пензиските друштва и со пензиските фондови со кои тие управуваат;
- се зачленува и учествува во домашни и меѓународни организации, кога таквото учество е во интерес на македонскиот пензиски систем и
- врши други работи согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.
Органи на Агенцијата се Управен одбор и директор. Во Агенцијата се формирани следните организациони единици:
- 1.Сектор за контрола;
- 2.Сектор за истражување;
- 3.Правен сектор;
- 4.Сектор за административно-финансиски работи и информатика;
- 5.Самостојни извршители;
Податоци од јавен карактер
Подзаконски акти
Други податоци
- Број на членови и времено распределени членови во задолжителните пензиски фондови, број на членови во доброволните пензиски фондови (вкупно и по друштва).
- Податоци од статистички извештаи;
- Податоци за број и вид на поплаки од членови кои пристигнале во Агенцијата (освен оние кои се личен податок);
- Повици во постапките за јавни набавки;
- Податоци од Регистар на агенти (број на агенти, активни, пасивни, избришани), и од регистар на задолжителни и доброволни пензиски фондови;
- Надоместоците кои пензиските друштва ги наплаќаат од членовите (надомест од придонеси, надомест од средства и надомест за премин);
- Надоместокот што го наплаќа Агенцијата од пензиските друштва.
- Годишни извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување;
- Годишни извештаи за состојбите во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување;
- Соопштенија на Агенцијата;
- Обуки, семинари, тркалезни маси и конференции кои ги организира Агенцијата;