Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Информација од 17-та седница на Советот на експерти, одржана на 30.10.2024 година

 

Советот на експерти на седницата одржана на 30.10.2024 година донесе:

  1. Предлог Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Советот на експерти даде одобрение/согласност на:

  1. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за реизбор на Алјоша Уршич за член на Надзорниот одбор на друштвото;
  2. Барањето од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за добивање на одобрение за реизбор на Блаж Кметец за член на Надзорниот одбор на друштвото;
  3. Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за склучените договори со домашни правни лица за вршење услуги со хартии од вредност и
  4. Барањето од ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ за добивање на одобрение за измена и/или дополнување на статутот на пензиското друштво;

Советот на експерти ги разгледа:

  1. Кварталниот финансиски извештај за периодот од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година и
  2. Kварталниот извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за периодот од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година.

 

Skip to content