Советот на експерти одржа седница на 29.11.2019 година и донесе:
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови
Образложение:
Со измената на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови се овозможува пензиското друштво, при определувањето на пазарната вредност на определена хартија од вредност со која се тргува на пазарот на земјите членки на Европската унија и земјите членки на ОЕЦД, да користи и информации за финанскиот инструмент покрај од досегашниот финансиско-информативниот сервис Bloomberg и од финансиско-информативниот сервис Refinitiv.
- План за подобрување на капацитетите во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Советот на експерти даде согласност на:
- Стратешкиот план за извршување на внатрешна ревизија во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за период од 2020 година до 2022 година и
- Годишниот план за извршување на внатрешна ревизија во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2020 година.
Советот на експерти ги разгледа:
- Извештајот од спроведената функционална анализа во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2019 година и
- Конечениот извештај за извршена ревизија на активностите поврзани со комуникација и давање квалитетна услуга кон сите поднесени барања, претставки, предлози и поплаки од страна на членовите на пензиските фондови, другите осигуреници во пензискиот систем и секој заинтересиран граѓанин.