Се известуваат членовите на вториот столб на пензискиот систем во Република Македонија дека е спроведено истражување на јавното мислење за добивање на информација за информираноста и запознаеноста на членовите во задолжителните пензиски фондови во Република Македонија за нивните пензиски заштеди и придобивки од членството во втор столб. Истражувањето го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за потребите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС преку телефонска анкета на членовите на вториот столб.
Извештајот од истражувањето e на следниот линк:
https://mapas.mk/?page_id=4409