Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Известување за одржана прес конференција за промоција на Извештајот за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2018 година

На 04.07.2019 година во 12:00 часот во просториите на МАПАС, во присуство на новинари од медиумите, претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али одржа прес конференција на која накратко беше презентиран годишниот Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2018 година.

Извештајот кој се однесува на 2018 година покрај описот на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување содржи и податоци за капитално финансираното пензиско осигурување, оценка на извршувањето на прописите во областа на капитално финансирано пензиско осигурување и детален опис на состојбите во задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб и трет столб) како и состојби и трендови во пензиската област во светот и други податоци од значење за ова осигурување.

Во 2018 година капитално финансираното пензиско осигурување продолжи да го следи растечкиот тренд. Вкупните средства на задолжителните и доброволните пензиски фондови достигнаа околу 10% од бруто-домашниот производ за 2018-тата година што го вбројува капитално финансираното пензиско осигурување во релативно млади пензиски системи, базирани врз индивидуални заштеди, со голем потенцијал за понатамошен раст.

Во 2018 година бројот на членови во вториот столб се зголеми за 7% во однос на 2017 година и изнесува 490.035 членови што претставува 85% од вкупниот број на осигуреници во Фондот на ПИОСМ. Вредноста на средствата на задолжителните пензиски фондови, на 31.12.2018 година, во однос на 31.12.2017 година, порасна за 13% и достигна 64 милијарди денари.

Во 2018 година бројот на членови во третиот столб се зголеми за 2,5% во однос на 2017 година и изнесува 24.388 членови, од кои 61% се учесници во пензиска шема со професионална сметка. Вредноста на средствата на доброволните пензиски фондови, на 31.12.2018 година, достигна 1,6 милјарди денари.


Материјали од прес конференцијата:

Обраќање на претседателот на Советот на експерти, Максуд Али;

Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2018 година.

Skip to content