Се известуваат членовите на вториот столб на пензискиот систем во Република Македонија дека во периодот од 19.05.2018 – 30.06.2018 година ќе биде спроведено истражување на јавното мислење за добивање на информација за информираноста и запознаеноста на членовите во задолжителните пензиски фондови во Република Македонија за нивните пензиски заштеди и придобивки од членството во втор столб. Истражувањето ќе го врши Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за потребите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС преку телефонска анкета на членовите на вториот столб.
За спроведување на истражувањето, ИПИС ќе го праша секој испитаник дали сака или не сака да учествува во анкетата, известувајќи го дека учеството е доброволно. Во истражувањето ќе учествуваат само лицата кои ќе дадат согласност.
Целта на истражувањето е да се подигне јавната свест и да се подобри информираноста за пензискиот систем и за правата и обврските на членовите на вториот столб, од една страна, како и да се обезбедат информации за запознаеноста на членовите во задолжителните пензиски фондови, од друга страна.
Ви благодариме на соработката.