Skip to content
Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Известување за спроведување испит за агенти на пензиските друштва во мартовска сесија

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува јавноста дека: првиот дел (теоретски дел) за полагање испит за агенти на пензиски друштва ќе се одржи во следните термини:
9.3.2021 (вторник) година со почеток од 8:30 – 10:30 часот (кандидати пријавени од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје);
9.3.2021 (вторник) година со почеток од 10:50 – 12:50 часот (кандидати пријавени од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје);
9.3.2021 (вторник) година со почеток од 13:10 – 15:10 часот (кандидати пријавени од САВА пензиско друштво);

Кандидатите кои ќе го положат првиот дел од испитот имаат право да полагаат втор дел (практичен дел) во следните термини:
16.3.2021 (вторник) година со почеток од 8:30 – 10:30 часот (кандидати пријавени од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје);
16.3.2021 (вторник) година со почеток од 10:50 – 12:50 часот (кандидати пријавени од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје);
16.3.2021 (вторник) година со почеток од 13:10 – 15:10 часот (кандидати пријавени од САВА пензиско друштво).

Локација на испитен центар:
Правен факултет „Јустинијан Први“
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Бул. Гоце Делчев 9б, 1000 Скопје