Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

МАПАС на конференцијата за промоција на Националната ИКТ стратегија СМАРТ/МК 2030

Претседателот на Советот на експерти на МАПАС Ремзи Бајрами , заедно со  членот на Советот на експерти на МАПАС  Пранвера Ајази и Советникот на Претседателот на Советот на експерти на МАПАС присуствуваа на конференцијата за промоција на Националната ИКТ стратегија СМАРТ/МК 2030, која е насочена кон унапредување на дигиталната трансформација и развој на современи, достапни и ефикасни дигитални јавни услуги.

Со своето присуство, МАПАС ја потврди определбата активно да ги следи процесите на дигитализација и да биде во чекор со имплементацијата и континуираното унапредување на институционалните и административните процеси, со цел зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на услугите од јавен интерес.

Агенцијата континуирано работи на модернизација на интерните процеси, унапредување на дигиталните решенија и јакнење на институционалните капацитети, во насока на усогласување со националните стратегии и европските стандарди за дигитална јавна администрација.

Skip to content