Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, постојано работи и е насочен кон градење на тимскиот дух, унапредување на заедничкото работење, како и мотивирање и градење на доверба во рамките на Агенцијата.
За таа цел на 7-ми јуни МАПАС спроведе тим-билдинг во Матка во Скопје каде вработените во МАПАС активно и тимски учествуваа во различни активности и дружби. Како што и претходно е потврдено, таквите активности кај вработените придонесуваат кон поголема мотивација, подобра комуникација и поефективно заедничко делување во остварување на поставените цели и задачи.