Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС постојано работи и е насочена кон градење на тимскиот дух, унапредување на заедничкото работење, како и мотивирање и градење на довербата на вработените.
Од таа причина, на 17 и 18 октомври МАПАС реализираше тим – билдинг на тема “Интерактивна обука за подобра комуникација во тимот”, каде вработените во МАПАС активно и тимски учествуваа во различни активности. Обуката е креирана за унапредување на поврзаноста и соработката на тимот, каде вработените работат на развој на емоционалната интелигенција, емпатско поврзување со соговорникот преку низа на различни интерактивни предизвици во групи и во целиот тим.
Инвестирањето во вработените е клучно за подобрување на секојдневните процеси и обезбедување на просперитетна иднина за институцијата и сето тоа води кон поголема мотивација, подобра комуникација и поефективно заедничко делување во остварување на поставените цели и задачи.