По повод овој значаен јубилеј, МАПАС упатува искрени честитки до Бирото за развој на образованието, институција која седум децении претставува клучен столб во унапредувањето на образовниот систем и креирањето современи образовни политики. Придонесот на Бирото е од непроценливо значење за развојот на квалитетно, инклузивно и модерно образование во нашата земја.

МАПАС и Бирото за развој на образованието и досега, а и во иднина, продолжуваат заеднички да вложуваат во развојот на финансиската писменост кај младите. Нашата соработка се темели на заедничката визија – подигање на свесноста кај младите за важноста од финансиска писменост и подобро запознавање со функционирањето на финансискиот пазар.

Посебен акцент заеднички го ставаме на финансиското образование уште од најрана возраст, со нагласување на значењето на штедењето и разбирањето на придобивките од долгорочното штедење како предуслов за сигурна и стабилна иднина.
Воедно, МАПАС упатува искрена благодарност до Бирото за развој на образованието за неговата долгорочна посветеност, професионалност и партнерство. Бирото е наш вистински и доверлив партнер на патот кон зајакнување на финансиската писменост кај младите во нашата земја, а оваа заедничка мисија ќе продолжи да придонесува кон нивен просперитет, одговорно финансиско однесување и подобра иднина.
(02) 3224 229
contact@mapas.mk