Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Меѓународна конференција за економија и финансии во Истанбул-Република Турција

На 26-27 ноември 2015 година се одржа Меѓународна конференција за економија и финансии во Истанбул, Република Турција. Претставник од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС на меѓународната конференција беше Претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши.

Претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши истовремено беше и излагач на самата конференција со презентација на тема “Пензиските фондови во Република Македонија и распределба на средствата на инвестиционото портфолио”.

turcija

 

Skip to content