Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Меѓународен симпозиум за сметководство и финансии (ИСАФ 2017)

На 03-05 јули 2017 година се одржа Меѓународен симпозиум за сметководство и финансии (ИСАФ 2017) во Охрид, Република Македонија. Претставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС на меѓународниот симпозиум беа Претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши и Советникот за односи со јавност, д-р Хабил Мустафаи.

Претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши истовремено беше и излагач на самиот симпозиум со презентација на тема “Структура на портфолио и инвестициона политика на пензиските фондови во Република Македонија”.

Исто така, Советникот за односи со јавност, д-р Хабил Мустафаи беше излагач со презентација на тема “Реформа на пензискиот систем и иднината на мулти фонд системот”.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Skip to content