СЕ СО ЦЕЛ ДА НОСАТ ВИСТИНСКИ ОДЛУКИ И ДА ГРАДАТ ЕКОНОМСКИ СИЛНО ОПШТЕСТВО
Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и трите пензиски друштва – КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје, врз основа на добиената согласност и безрезервната поддршка за соработка од страна на Универзитетот„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска 29.05.2019 година реализираа промотивно – едукативен настан во кругот на Универзитетот како дел од активностите по повод спроведување на „Деновите на финансиска писменост МАЈ 2019 година“.
Настанот започна во 10 часот и траеше се до 14 часот. Реализација на настанот беше успешна со оглед на тоа што успеавме да анимираме голем број на млади кои ги завршуваат своите студии и им престои вработување.
Го потикнавме интересот на младите да го погледнат едукативниот флаер со информации за задолжително пензиско осигурување, втор столб во кој истите треба да се идни членови со првото нивно вработување. Информациите од флаерот ги заинтересираа младите и тие ги посетија штандовите и дополнително добија одговор на поставените прашања.
Големиот интерес на младите за дополнителни знаења и практични искуства не мотивираат во иднина да вложуваме уште повеќе и да реализираме уште многу вакви и слични настани на кој начин ние како финансиски институции ќе им се доближиме на младите и ќе го надградиме нивното знаење од областа на финансиите во однос на тековните случувања во земјата и во странство, секој во својата област.