Претседателот на Советот на експерти ги врши следните работи:
- раководи со МАПАС, ја претставува и застапува во односи со трети лица;
- донесува решение за видот и обемот на контролата на пензиските друштва, чуварот на имот и странскиот менаџер на средства, осигурител и Центарот за електронски систем за котација согласно годишната програма за спроведување на контроли донесена од страна на Советот на експерти;
- поднесува пријава или овластува лице да поднесе пријава за поведување постапка пред надлежен орган за дела кои се казниви според закон;
- и врши и други работи кои му се доверени закон овој статут и други акти на МАПАС.