Советот на експерти на МАПАС ги врши следните работи поврзани со оперативноста на МАПАС:
- донесува статут на МАПАС;
- донесува акт за внатрешна организација на работата и систематизација на работните места на МАПАС;
- донесува финансиски план и финансиски извештаи;
- дава одобренија и согласности по барање од пензиските друштва врзоснова на закон;
- донесува акти за спроведување на овој закон и другите закони во негова надлежност;
- донесува годишна програма за работа на МАПАС;
- и врши други работи утврдени со закон и Статут на МАПАС.