Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Народната банка започнува со активностите за подготовка на првата национална стратегија за финансиска едукација на популацијата во која активност учествува и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)

Во соработка со ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија

Народната банка е домаќин на првата официјална мисија, во рамки на проектот за техничка помош за финансиска едукација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Министерството за финансии на Холандија, којшто се одвива во седум земји од холандската конституенца при ММФ и Светската банка. Покрај Народната банка, носители на овој петгодишен проект се и Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Целта на проектот е градење на капацитетите за развој на финансиската едукација, како и изработка на национална стратегија за финансиско едуцирање на населението.

Претставниците на ОЕЦД од кои е составена мисијата ќе остварат работни средби со експерти од централната банка, Министерството за финансии и Министерството за образование и наука, како и со неколку меѓународни организации. Во Народната банка ќе се одржи и тркалезна маса со претставници на приватните финансиски институции, со цел да се согледаат нивните активности од областа на финансиската едукација. На тракалезната маса ќе присуствуваат и претставници на Координациското тело за финансиска едукација. МАПАС како член на истото, ќе присуствува на работната средба на која ќе има можност да ги сублимира информациите од приватниот сектор кои се однесуваат на постојните и идните активности кои се имплементираат во делот на финансиска едукација, како можност за идна поширока заедничка вклученост.

Овие активности претставуваат уште една потврда за заложбите на финансиските регулаторни институции за следење на светските трендови во делот на финансиската писменост, како и за зајакната координација во овој домен и со приватните финансиски институции.

 

Skip to content