Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за вториот квартал во 2021 година.
Согласно Кварталниот статистички извештај со состојба 30.6.2021 година:
• Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 540.131.
• Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 26.594.
• Нето средствата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 96.708,10 милиони денари.
• Нето средствата во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 2.549,71 милиони денари.
• Вкупните уплатени придонеси во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во вториот квартал од 2021 година изнесуваат 2.379,13 милиони денари.
• Вкупните уплатени придонеси во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во вториот квартал од 2021 година изнесуваат 79,92 милиони денари.
Кварталниот статистички извештај бр.62, 30.6.2021 е на следниот линк:
https://mapas.mk/wp-content/uploads/2021/07/Kvartalen-statistichki-izvestaj-62_30062021_web.pdf