Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за четвртиот квартал во 2022 година.
Согласно Кварталниот статистички извештај со состојба 31.12.2022 година:
- Вкупниот број на членови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 572.094.
- Вкупниот број на членови во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесува 502.
- Нето средствата во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 113,5 милијарди денари.
- Нето средствата во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување изнесуваат 3,05 милијарди денари.
- Вкупните уплатени придонеси во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување во четвртиот квартал од 2022 година изнесуваат 3,15 милијарди денари.
- Вкупните уплатени придонеси во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување во четвртиот квартал од 2022 година изнесуваат 136,86 милиони денари.
Кварталниот статистички извештај бр.68, 31.12.2022 е на следниот линк:
Кварталниот статистички извештај бр.68, 31.12.2022