Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Објавен е Кварталниот статистички извештај бр.71

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објави Кварталниот статистички извештај за третиот квартал во 2023 година.

Согласно извештајот заклучно со третиот квартал во 2023 година:

  • Вкупниот број на членови во задолжителните пензиски фондови изнесува 587.275.
  • Вкупниот број на членови во доброволните пензиски фондови изнесува 671.
  • Нето средствата на задолжителните пензиски фондови изнесуваат 128,24 милијарди денари.
  • Нето средствата на доброволните пензиски фондови изнесуваат 3,34 милијарди денари.
  • Вкупните уплатени придонеси во задолжителните пензиски фондови во третиот квартал од 2023 година изнесуваат 3,36 милијарди денари.
  • Вкупните уплатени придонеси во доброволните пензиски фондови во третиот квартал од 2023 година изнесуваат 85,43 милиони денари.

Кварталниот статистички извештај бр.71, 30.9.2023 е на следниот линк:

https://mapas.mk/wp-content/uploads/2023/10/kvartalen-statistichki-izvestaj-71_30092023_web.pdf

Skip to content