МАПАС постојано работи и е насочен кон градење на тимскиот дух, унапредување на заедничкото работење, избегнување и надминување на проблеми и конфликти како и мотивирање и градење на доверба во рамките на Агенцијата.
За таа цел од 01-ви до 03-ти ноември во Охрид, МАПАС спроведе обука за јакнење на човечките капацитети, каде дел од вработените во МАПАС активно и тимски учествуваа во различни целни активности. Како што и претходно е потврдено, таквите активности кај вработените придонесуваат кон поголема мотивација, подобра комуникација и поефективно заедничко делување во остварување на поставените цели и задачи.”