Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

ПОСЕТА НА ГЛОБАЛЕН ФОРУМ НА ТЕМА “ПЕНЗИСКИТЕ ТРЕНДОВИ И ПРОМЕНИТЕ ВО СУПЕРВИЗОРСКИОТ ПОГЛЕД”

На 29-30 октомври 2015 година во Берлин се одржа Глобален форум во областа за приватни пензии во организација на OECD/IOPS на тема: “Пензиските трендови и промените во супервизорскиот поглед”.

Претставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување  – МАПАС беа Претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши и членот на Советот на експерти, Елизабета Видовиќ.

germanija

Како позначајни теми кои што беа разработени на глобалниот форум се однесуваа на процесот на пензиската реформа во Европа, нејзините достигнувања и предизвици, инвестирањето на долг рок во средина на ниски каматни стапки,  улогата на пензиските фондови во економијата, заштита на корисниците во приватниот пензиски систем и согледувања на однесувањето на економијата во фазата за исплата на пензии и пензиски надоместоци.

На глобалниот форум учествуваа високи претставници од регулаторни и супервизорски  органи, водечки експерти од областа на пензиското осигурување и истражувачки институти од земји на OECD и од IOPS земјите членки, како и претставници на европски и меѓународни организации.

Skip to content