Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Посета на МАПАС од економски промотори

На 29.12.2015 година економски промотори од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Р. Македонија

ја посетија Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.
Претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши и членот на Советот на експерти, Елизабета Видовиќ заедно со претставници од стручните служби на Агенцијата, пред економските промотори одржаа презентација за карактеристиките на приватната компонента на пензискиот систем во Р. Македонија.

20151229_132820
Целта на презентацијата е промоција на приватната компонента на пензискиот систем во Р. Македонија и можностите што ги нуди оваа област за инвестирање.

Skip to content