Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Прес конференција за промоција на осмиот годишен Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2013

13.09.2014

На 13.09.2014 година во просториите на МАПАС, во присуство на новинари од медиумите, Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, д-р Булент Дервиши одржа прес конференција на која накратко беше презентиран осмиот годишен Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2013 година. На прес конференцијата учествуваше и членот на Советот на експерти, Елизабета Видовиќ.

pres_zkfpo2013

Извештајот кој се однесува на 2013 година покрај описот на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување содржи и податоци за капитално финансираното пензиско осигурување, оценка на извршувањето на прописите во областа на капитално финансирано пензиско осигурување, содржи и детален опис на состојбите во задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб и трет столб) како и состојби и трендови во пензиската област во светот и други податоци од значење за ова осигурување.

Материјали од прес конференцијата:

Обраќање на Претседателот на Советот на експерти, д-р Булент Дервиши;

Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2013 година.

Skip to content