
Марија Поповска, советник на Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањетона 20-годишнината од работењето на Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги (ХАНФА), која се одржа во Загреб.
Присуството на МАПАС на овој значаен настан претставува потврда за континуираната соработка и партнерство меѓу двете институции во насока на унапредување на регулаторната рамка, размена на искуства и добри практики, како и зајакнување на надзорот и развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.
МАПАС останува посветен на продлабочување на меѓународната соработка со сродни регулаторни тела, со цел обезбедување стабилен, транспарентен и одржлив пензиски систем.
(02) 3224 229
contact@mapas.mk