Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Презентација за капитално финансираното пензиско осигурување пред претставници од Агенции за привремено вработување во Р. Македонија

На 02.02.2016 година претставници од Агенции за привремено вработување во Р. Македонија ја посетија Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС. Членот на Советот на експерти, Елизабета Видовиќ заедно со претставници од стручните служби на Агенцијата одржаа презентација за капитално финансираното пензиско осигурување и МАПАС.

prez_vrabot

Целта на средбата е зголемување на свесноста на јавноста за капитално финансираното пензиско осигурување преку Агенциите за привремено вработување како институции кои се директно поврзани со членовите и потенцијалните членови во вториот столб.
Во тек на средбата беше поделена Брошурата – Најчесто поставувани прашања од II и III столб на пензискиот систем и други промотивни материјали, со чија помош Агенциите за привремено вработување преку нивното секојдневно работење би информирале дел од членовите и потенцијалните членови во вториот столб за карактеристиките и правата кои произлегуваат од членувањето во вториот столб.

Skip to content