Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Едукативната кампања за младите под мотото:” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… “

13.12.2013 

Во рамките  на едукативната кампања за младите под мотото:” Моето друштво е мој избор, а штедењето моја иднина… “, МАПАС и претставници од пензиските друштва  од  почетокот на кампањата до 11.12.2013 година посетија вкупно  30 средни училишта низ повеќе градови во нашата држава. Во училиштата се одржаа презентации на учениците од четврта година и им беа поделени информативни брошури. Од страна на учениците имаше голема посетеност и заинтересираност во врска со темата за пензиско штедење.

Исто така, на 05.12.2013 година МАПАС и претставник од пензиско друштво го посетија Економскиот факултет – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.  На студентите им беше одржана презентација за пензиско штедење, им беа поделени информативни брошури и притоа им беа појаснети нивните права и обврски како потенцијални идни членови во реформираниот пензиски систем, кој што вклучува и нивна активна улога и носење одлуки.

Кампањата продолжува понатаму и наредниот семестар со посета на средни училишта и факултети.

Skip to content