Во просториите на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС, се одржа работен состанок посветен на планирањето и подготовката на Информативната кампања за 2025 година.
На состанокот учествуваа претседателот на Советот на експерти, Ремзи Бајрами, претставници од МАПАС, како и партнери и соработници вклучени во спроведувањето на кампањата. Беше дискутирано за клучните цели, целните групи, пораките и каналите на комуникација преку кои ќе се реализира кампањата, со посебен фокус на зголемување на јавната информираност и финансиска едукација на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови.
Кампањата за 2025 година ќе има за цел да ја зголеми транспарентноста, да го поттикне активното учество на граѓаните во следење на своите пензиски права, како и да ја зајакне довербата во капитално финансираниот пензиски систем.
МАПАС останува посветена на својата мисија да обезбеди ефикасен и транспарентен надзор на пензискиот систем, при што редовната и навремена комуникација со јавноста претставува еден од клучните приоритети.