МАПАС во текот на месец мај 2021 година, спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови преку телефонска анкета.
Вкупниот примерок, опфатен во оваа анкета го сочинуваа 1.100 испитаници, членови на задолжителни пензиски фондови, при што 47% од испитаниците се членови на Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, 50% од испитаници се членови на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и 3% од испитаниците се членови на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје. Во примерокот, 96% од испитаниците се членови со склучен договор за членство додека 4% се распределени членови.
Во седмата група од анкетата се разгледува прашање кое го утврдува нивото на информираност на членовите на задолжителните пензиски фондови за МАПАС.
На прашањето “Дали знаете која Агенција врши супервизија на пензиските друштва и пензиските фондови и ги штити вашите права и интереси како членови?”, 26,9% од вкупниот број на испитаници одговориле дека знаат, додека поголемиот дел или 73,1% не знаат која институција ги штити нивните права и интереси.
Графички приказ на добиените резултати за нивото на информираност на членовите на задолжителните пензиски фондови за МАПАС:
Поврзани информации:
- МАПАС спроведе истражување за информираноста на членовите во задолжителните пензиски фондови во мај 2021 година
- Резултати од истражувањето за степенот на Лична информираност за членување во задолжителен пензиски фонд
- Резултати од истражувањето за нивото на Лична информираност и запознаеност со вториот пензиски столб
- Резултати од истражувањето за начинот на кој членовите на задолжителните пензиски фондови се информираат за вториот столб
- Резултати од истражувањето за нивото на лична информираност со улогата на пензиските друштва и пензиските фондови и задоволство од работата на пензиските друштва
- Резултати од истражувањето за нивото на познавање на правата и обврските од членување во задолжителните пензиски фондови
- Резултати од истражувањето за ниво на разбирање на податоците од извештајот за пензиска заштеда