Советот на експерти одржа седница на 15.04.2019 година и донесе:
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за ненавремено пренесување на придонеси:
Образложение:
Со членовите 1, 2, 3, 4, и 5 од предлог измената на Правилникот за ненавремено пренесување на придонеси се врши прилагодување начинот на пресметката на надоместокот за ненавремена уплата на придонеси во случај кога за осигуреник за кој се пресметува надоместок, постои датум на кој имало уплата пред почетокот на работењето на задолжителниот пензиски фонд каде што е распределен осигуреникот.
Со членот 6 од изменaта се врши усогласување на текстот на правилникот со новото име на државата.