Советот на експерти одржа седница на 26.11.2018 година и донесе:
1. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови.
Образложение
Со член 1 од измена и дополнување на Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови се прецизира начинот на кој друштвото одбира финансиско-информативен сервис во случај кога на Bloomberg не е објавена цената за финансиските инструменти и наместо со одобрение на Агенцијата, друштвото го одбира финансиско-информативниот сервис по насоки од Агенцијата.
Со член 2 став (1) од овој правилник се прецизира одредбата која се однесува на вредноста на уделот на отворен инвестиционен фонд која се користи при проценка на вредноста на фондот. Со ставот (2) се врши номотехничко подобрување на текстот на одредбата. Со став (3) се определува исклучок од правилото за проценка односно дека за проценка на вредноста на фондот може да се користи последно објавената вредност по удел во инвестиционен фонд.