Информација за 48-та седница на Советот на експерти, одржана на 31.08.2021 година
Советот на експерти одржа седница на 31.08.2021 година и донесе:
• Правилник за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд.
Образложение:
Со член 1 од Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд се пропишува можност за дигитално склучување на договор за членство во задолжителен пензиски фонд чиј процес е опишан во Прилог број 1 од овој правилник. На овој начин се олеснува комуникацијата помеѓу пензиско друштво и потенцијалните членови на задолжителниот пензискиот фонд. При изготвување на оваа одредба земени се во предвид одредбите од Законот за заштита на лични податоци и направена е претходна Проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци при дигитализација на договор за членство во пензиски фонд.
Со членот 2 се брише доставата на договор за премин до постојното друштво, со што се олеснува процесот на премин поради тоа што истиот може да се изврши и без доставување на договор до постојното друштво.
Со членот 3 се врши усогласување на текстот на одредбата со новиот назив на Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Со членот 4 се врши усогласување со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги односно се пропишува одредба со која се овозможува комуникацијата помеѓу пензиско друштво и Агенцијата да се одвива во хартиена или во електронска форма согласно закон. Согласно член 6 од Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги електронскиот документ има иста правна и доказна сила како и писмената форма на документот, согласно со закон. Електронскиот документ не може да се оспори како доказ во управна или судска постапка, само затоа што е создаден во електронски облик. На овој начин се забрзува комуникацијата помеѓу пензиските друштва и Агенцијата и со тоа се подобрува ефикасноста и ефективноста на процесите.
Со членот 5 се менува договорот за членство во задолжителен пензиски фонд на македонски јазик и двојазичниот образец. Се бришат определени податоци (датум, место на раѓање и пол ) бидејќи истите се содржани во единствениот матичен број на граѓанинот (МБГ) кој го има во договорот. Исто така се брише и податокот за датумот на прво вработување, поради тоа што е утврдено дека таквиот податок е непотребен за да се склучи договорот за членство во задолжителен пензиски фонд. Поради тоа што станува збор за обрасци кои треба да се имплементираат во софтверот на друштвата се пропишува одложена примена од 01.01.2022 година.
• Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд.
Образложение:
Со членовите 1, 3, 4, 5 и 8 од Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот на членство во доброволен пензиски фонд се врши усогласување на одредбите од овој правилник со Законот за употребата на јазиците. Се пропишуваат можноста обрасците од овој правилник да се издадат и во двојазична форма по барање на лице. Поради тоа што станува збор за обрасци кои треба да се имплементираат во софтверот на друштвата се пропишува одложена примена од 01.01.2022 година.
Со членот 2 се пропишува можност за дигитално склучување на договор за членство во доброволен пензиски фонд чиј процес е опишан во Прилог број 1 од овој правилник . На овој начин се олеснува комуникацијата помеѓу пензиско друштво и потенцијалните членови на доброволниот пензискиот фонд. При изготвување на оваа одредба земени се во предвид одредбите од Законот за заштита на лични податоци и направена е претходна Проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци при дигитализација на договор за членство во пензиски фонд.
Со членот 6 се врши усогласување на одредбите од овој правилник со Законот за употребата на јазиците и се брише доставата на договор за премин до постојното друштво, со што се олеснува процесот на премин поради тоа што истиот може да се изврши и без доставување на договор до постојното друштво.
Со членот 7 и 9 се врши усогласување на текстот на одредбите со новиот назив на Дирекцијата за заштита на лични податоци и се врши усогласување со Законот за заштита на личните податоци.
Со членот 10 се врши усогласување со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги односно се пропишува одредба со која се овозможува комуникацијата помеѓу пензиско друштво и Агенцијата да се одвива во хартиена или во електронска форма согласно закон. Согласно член 6 од Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги електронскиот документ има иста правна и доказна сила како и писмената форма на документот, согласно со закон. Електронскиот документ не може да се оспори како доказ во управна или судска постапка, само затоа што е создаден во електронски облик. На овој начин се забрзува комуникацијата помеѓу пензиските друштва и Агенцијата и со тоа се подобрува ефикасноста и ефективноста на процесите.
Со членот 11 се менува договорот за членство во доброволен пензиски фонд и се бришат определени податоци (датум, место на раѓање и пол ) бидејќи истите се содржани во единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ) кој го има во договорот.
Со членот 12 се додаваат шест нови обрасци Образец број 7, Образец број 8, Образец број 9, Образец број 10, Образец број 11 и Образец број 12 кои се двојазични.
Советот на експерти даде одобрение на:
• Барањето од Сава пензиско друштво а.д. Скопје за одобрување на избор на независен член на Надзорен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.