Информација од 23-та седница на Советот на експерти, одржана на 31.10.2019 година
Советот на експерти одржа седница на 31.10.2019 година и донесе:
Правилник за измена и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови.
Образложение:
Со измената на Правилникот за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови се врши усогласување на одредбите од овој правилник со Законот за употребата на јазиците. Се пропишуваат можноста обрасците од овој правилник да се издадат и во двојазична форма по барање на членот.Поради тоа што станува збор за обрасци кои треба да се имплементираат во софтверот на пензиските друштва се пропишува одложена примена од први од 01.01.2020 година.Исто така се врши усогласување на текстот на правилникот со новото име на државата.
Правилник за измена и дополнување на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд.
Образложение:
Со измената на Правилникот за членство во задолжителен пензиски фонд се врши усогласување на одредбите од овој правилник со Законот за употребата на јазиците. Се пропишуваат можноста обрасците од овој правилник да се издадат и во двојазична форма по барање на лице. Тие обрасци се: договорот за членство во задолжителен пензиски фонд, поднесокот за раскинување на договорот за членство, согласност за премин и барањето за ажурирање или коригирање личен податок за членство во Регистарот на членови. Пополнувањето на обрасците треба да биде на македонски и албански јазик.
Поради тоа што станува збор за обрасци кои треба да се имплементираат во софтверот на МАПАС се пропишува одложена примена од први од 01.01.2020 година.
Со оваа измена се менува Образецот број 3 “Изјава за согласност за премин“ односно се брише полето кое се пополнува со податокот до кого се доставува изјавата. Оваа измена е поради тоа што при премин на член од еден во друг пенззики фонд покрај изјавата за премин задолжително се склучува договор во кој се содржани сите потребни податоци за премин.
Исто така се врши усогласување на текстот на правилникот со новото име на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија.