На вториот ден од Глобална недела на парите (26.03.2019 година), Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) одржа едукативни презентации во двете средни училишта: СОУ “Славчо Стојменски” и СОУ “Коле Нехтенин” во Штип. Додека пак, претставници од двете пензиски друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и САВА пензиско друштво а.д. Скопје одржаа едукативни презентации во СОУ “Киро Спанџов Брко” и СОУГ “Добри Даскалов” во Кавадарци.
Мотото на Глобалната недела на парите за 2019 година е “УЧИ, ШТЕДИ, ЗАРАБОТИ”.
Учениците од сите средни училишта покажаа особен интерес за областа поврзана со финансиите и значењето на парите, особено потенцирајќи го интересот на учениците од техничките училишта и останатите училишта кои што не изучуваат теми во редовната настава од областа на финансиите. Поддршка за вакви едукативни презентации дадоа и професорите од училиштата.