Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение до јавноста по повод завршените активности поврзани со Глобалната недела на парите во 2019 година

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување -МАПАС како член на Координациското тело на регулаторни институции за финансиска едукација и финансиска инклузија во РСМ заедно со Народна банка на РСМ, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) и Комисијата за хартии од вредност, повеќе години наназад учествува во спроведување на едукативни активности за одбележување на „Глобалната недела на парите“.

Мотото на Глобалната недела на парите за 2019 ГОДИНА е
УЧИ.ШТЕДИ.Заработи“

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС заедно со двете пензиски друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и САВА пензиско друштво а.д. Скопје и оваа година ги реализираа сите предвидени активности согласно планот за одбележување на „Глобалната недела на парите 2019“. Успешно се реализираа сите едукативни презентации во предвидените (дваесет) средни училишта во земјата.

Во некои училишта се одржуваа и по две презентации на македонски и на турски или албански јазик. Во текот на спроведување на едукативните активности во средните училишта во градовите Скопје и Гостивар свое обраќање пред учениците имаше и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Максуд Али. Во  СУГС „Орце Николов“ едукативната презентација пред учениците од четврта година ја одржаа претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување Максуд Али и директорите на двете пензиски друштва Весна Стојановска и Мира Шекутковска. Преку презентациите се потенцираше важноста на парите и потребата од нивно правилно управување уште од најрана возраст. Тие нагласија дека:

  • Додека сме млади,учиме, работиме заработуваме пари и трошиме;
  • Но, мора и да штедиме за да имаме пари кога веќе нема да можеме да работиме;
  • Колку подолго и повеќе штедиме, ќе имаме и поголеми приходи во старост;
  • Затоа односот кон зборот пензија не треба да ни биде далечен, туку уште како млади доброволно треба да започнеме да штедиме или задолжително уште од првата плата.

За сите ученици од четврта година кои ја следеа презентацијата, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување заедно со двете пензиски друштва обезбедија маички со лого на Глобалната недела на парите 2019 година. Со едукативните активности оваа година за време на Глобалната недела на парите беа опфатени околу 800 ученици.

Учениците за време на презентацијата покажаа особен интерес за темата инвестирање на средствата на пензиските фондови во различни финансиски инструменти и можноста за дополнително штедење во доброволните пензиски фондови.

Вработените од Агенцијата и двете пензиски друштва вклучени во спроведување на активностите се задоволни од покажаниот интерес од страна на учениците и особено од вниманието со кое ги следеа презентациите,  што на крајот резултираше со позитивни одговори на поставените прашања од страна на едукаторите. За  учениците кои точно одговорија на поставените прашања  следуваа и награди.

Агенцијата заедно со двете пензискит друштва и во иднина ќе продолжува со едукација и маркетинг кампањи за зголемување на финансиската писменост и финансиската инклузија особено на младите како наши идни членови во задолжителните и доброволни пензиски фондови.

 

Skip to content