Skip to content
Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение до јавноста за полноважност на одобренијата на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје за управување со задолжителен и доброволен пензиски фонд

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје достави Известување до Агенцијата за извршениот упис на “Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ” во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Агенцијата, по разгледување на доставената документација утврди дека се исполнети условите од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и одлучи условните одобренија за управување со задолжителен и доброволен пензиски фонд на ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје да станат полноважни.
Врз основа на ова, Агенцијата ги запиша фондовите Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и Триглав отворен доброволен пензиски фонд – Скопје во регистарот на задолжителни и доброволни пензиски фондови.
Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.