Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување

Соопштение до јавноста по повод активностите поврзани со Глобалната недела на парите во 2019 година

На третиот ден од Глобална недела на парите (27.03.2019 година), Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) одржа едукативни презентации на македонски и турски јазик во двете средни училишта: СОУ “Гостивар”, ОСТУ “Гостивар” во Гостивар додека во  СУГС„ Цветан Димов“ и  СУГС „ Марија Кири Склодовска„ во Скопје беа одржани презентации на албански јазик. Од страна на  двете пензиски друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и САВА пензиско друштво а.д. Скопје се  одржаа едукативни презентации  на на македонски јазик во СОУ “Кочо Рацин” и СОУГ “Партенија Зографски” во Скопје. Во спроведување на едукативните активности во градот Гостивар свое обраќање пред учениците имаше и Максуд Али – Претседател на Советот на експерти на МАПАС.

 

Активностите за одбележување на Глобалната недела на парите спроведени во просториите на училиштата преку одржување на едукативна презентација овозможува да се опфатат поголем број на ученици. Со едукативните активности на третиот ден од глобалната недела на парите беа опфатени околу 300 ученици.

За сите ученици од четврта година кои ја следea презентацијата, Агенцијата заедно со друштвата обезбедија маички со логото на Глобалната недела на парите 2019 година.

Вработените од Агенцијата и двете пензиски друштва вклучени во спроведување на активностите се задоволни од покажаниот интерес од страна на учениците и особено од вниманието со кое ги следат презентациите,  што на крајот резултира со позитивни одговори на поставените прашања од страна на лицата кои ја спроведуваат едукацијата. За најдобрите пет ученици во секое училиште беа доделени и награди.

Skip to content