Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја известува јавноста дека поради технички проблеми на серверот за полагање на испити во државни институции, вториот (практичниот) дел од испитот за агенти не се одржа на 11.2.2021 година.
Вториот (практичниот) дел од испитот за агенти согласно член 77-е став (6) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување е презакажан за следниот термин:
15.2.2021 година (понеделник) со почеток од 16:00 часот (за кандидати пријавени од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје).