Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ја известува јавноста, дека со донесените измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување од 28.12.2018 година и донесените подзаконски прописи, е добиена следната состојба на 01.01.2019 година:
– На вкупно 29.213 членови им престана членството во задолжителните пензиски фондови. Овие осигуреници остануваат осигурени само во тековното финансирано пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност.
Членови родени пред 1 јануари 1967г. кои задолжително беа вклучени во вториот столб | 12.143 |
Членови кои до денот на започнување на примената на измените на Законот во текот на осигурувањето имале стаж на осигурување што се смета со зголемено траење | 14.471 |
Членови кои до денот на започнување на примената на измените на Законот во текот на осигурувањето се стекнале со својство на осигуреник како индивидуален земјоделец или како вршител на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари | 2.599 |
ВКУПНО | 29.213 |