Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека со цел заштита на членовите на задолжително капитално финансирано пензиско осигурување воведе мерки за превенција и заштита на вработените и на членовите во согласност со мерките на Владата на РСМ за спречување на ширење на болеста COVID – 19 (Корона вирус). Членовите за своите права можат да добијат информации преку телефонски контакт или електронски преку емаил.
МАПАС ги советува членовите да го намалат интензитетот на посети на институциите и да се избегнува директен и близок контакт ракување и долго седење во затворени простории. Членовите за сите потреби можат да ги контактираат вработените на МАПАС на следните телефони и емаил адреса:
Контакт телефони: 075 234 761; 075 223 165; 075 240 908.
Контакт е-маил: clenstvo@mapas.mk
ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ!
ОД НАС ЗАВИСИ!